Get Even More Visitors To Your Blog, Upgrade To A Business Listing >>

Најосновното за е-маркетингот

Најосновното за е-маркетингот
Интернет маркетинг, исто така познато како веб маркетинг, онлајн маркетинг или е-маркетинг е маркетинг за производи и услуги на интернет.

Интернетот донесе многу уникатни бенефиции за маркетингот, од којшто еден е и пониската цена на дистрибуција и медиуми за глобалната публика. Интерактивната природа на интернет маркетингот, како за обезбедување на инстантен одговор од страна на публиката, така и за предизвикување на нивната реакција, е уникатен квалитет на ваквиот медиум. Понекогаш за интернет маркетингот се смета дека има поширок дијапазон бидејќи не се однесува само на дигиталните медиуми како што се интернет, Е-пошта и безжични медиуми; Интернет маркетингот исто така вклучува и менаџирање на дигиталните податоци на корисниците и систем за менаџирање на електронските кориснички врски.

Интернет маркетингот ги поврзува креативните и техничките аспекти на интернетот, вклучувајќи дизајн, развој, рекламирање и продажба.

Интернет маркетингот исто така се однесува на пласирање на медиумите низ различните фази во процесот на ангажирање на купувачите (customer engagement cycle), преку: маркетинг пребарувачи, оптимизациски пребарувачи, банер реклами на специфични веб страни, e-mail маркетинг, Веб 2.0 стратегии. Во 2008 година Њујорк тајмс во соработка со comScore објавија почетна проценка за квалифицирање на корисничките податоци собрани од страна на големи интернет-базирани компании. Броејќи четири типа на интеракции со веб страните на различни компании како додаток на хитовите од рекламирањето приложени од страна на мрежите за рекламирање, авторите пронајдоа потенцијал за собирање на податоци од корисник, во просек по 2500 пати за еден месец.



This post first appeared on Pari Zarabotka, please read the originial post: here

Share the post

Најосновното за е-маркетингот

×

Subscribe to Pari Zarabotka

Get updates delivered right to your inbox!

Thank you for your subscription

×