Get Even More Visitors To Your Blog, Upgrade To A Business Listing >>

Макам Транс: Стопанството е максимално рането, пратениците да имаат доблест и да гласаат против еколошката такса

Соочена со се посигурната извесност дека Владата нема да се откаже од намерата да ја воведе т.н еколошка такса, македонската транспортна асоцијација – Макам транс последната надеж ја гледа во Собранието.

„Пратениците се на потег и доколку ја анализираат вкупната состојба на нашето стопанство кое е максимално рането ,како и загрозениот животен стандар на населението, ќе имаат доблест да гласаат против овој предлог за измена на Закон за животна средина’’,изјави за „Стандард“ нивниот генерален секретар Биљана Муратовска.

Според неа, ваква такса и во овој износ не е воведена во ниедна држава гледајќи ги од аспект на животниот стандард .

„Има еколошка такса која се наплатува преку горивата но се изразени во центи, во држави каде животниот стандард и вработеноста се на многу повисоко ниво од нашето’’, вели Муратовска. Категорична е дека ваквата еколошка такса е целосно дискриминирачка и како што тврди, ги „казнува“ сите оние кои без никаква помош од државата успеале да го подобрат својот возен парк со возила кои имаат инструменти за прочистување на издувните гасови . „Значи некој може да увезе нафтени деривати со сомнителен квалитет, ама на крај сите ние , а пред се превозниците како големи потрошувачи на погонско гориво , ќе ја платат цената за надомест на штета од загадување’’ посочува Муратовска.

Како алтернатива која ја доставивиле до министерот Битиќи и сите парламентарни партии е предлогот да се додаде нов став во Законот за животна средина, а според кој корисниците на увезените, односно произведените нафтени деривати кои имаат возила со повисок еуро стандард ( Е-5 и Е-6) и вршат комерцијален превоз на патници и стока ќе имаат право да бараат да им се врати платениот износ на име еколошка такса содржана во малопродажната цена на нафтените деривати.

Денеска предлогот доби и европско знаменце што укажува на тоа дека може брзо ќе се изгласа иако не е ставен на собраниска расправа.Каков е вашиот коментар?

За жал оваа пракса се применувала секогаш од било која Влада за да стаса до целта која ја зацртале, но сепак треба убаво да размислат затоа што на овој начин се праќаат лоши пораки до сите нас. Крајно време е политичарите да го слушаат народот и да преземаат соодветни чекори за подобрување на условите за живеење и деловна активност на сите правни субјекти. Крајно време е европското знаменце да се применува за она што е наменето за реформи и преземање на вистински чекори за обезбедување на услови за одржлив раст и развој на државата и сите чинители во стопанските и нестопанските дејности, а не да се воведува давачки кои се однесуваат за една одредена дејност на која за жал нафтата е погонско гориво и приморани се да го купуваат и да ги плаќаат сите давачки кои се наметнуваат преку малопродажните цени на нафтените деривати.

Како оваа давачка ќе се одрази на транспортерите во бројки?

Пресметка на влијанието на еколошката такса во апсолутен износ не е можен затоа што се зависи од видот на превозот , растојанието кое треба да се помине, условите на патот и временските прилики , но сепак останува фактот дека за 4,17 денари се зголемува давачката за превозници кои купуваат гориво кое се движат од 600 до над 1.000 литри за секој превоз. Неможноста да се зголемат цените на превозот поради пазарната економија ќе значи помал остварен бруто приход од кој треба да се обезбедат средства за солидни плати на возачите кои се постојано по патиштата, помалку средства за обновување на возниот парк затоа што во последните 30 години никој не презел соодветни мерки да се помогне на превозниците за да го заменат возниот парк и да бидат конкурентни на европскиот пазар.

Состојба на возниот парк за превоз на стока за јавен и превоз за сопствени потреби евидентирани по еуро стандард на 24.06.2021 година во министерство за транспорт и врски изгледа вака:

Анализата на горе дадените бројки јасно покажуваат на потешкотите со кои се соочуваат превозниците и неможноста застарениот возен парк да го заменат , а се однесува на еуро стандард 0 до 4 кој изнесува 57,71 % од вкупниот возен парк.

Дали ковид кризата е погоден момент за воведување на таксата или треба да има одложена примена?

Ковид кризата , но и секоја друга , политичка , економска не се место и време да се воведуваа еколошка такса затоа што согласно Законот за животна средина и ЕУ регулативите и начелата кои треба да се почитуваат за да се спроведе зелена агенда бара голема анализа и правилно утврдување на „ загадувачите“ кои треба да платат надомест за штетата која ја прават, а такви во државата ги има и премногу , но за жал први на удар се превозниците со што се дискриминирани поради фактот што сами без никаква подршка од државата успеале да го обноват возниот парк и моментално имаме возила со еуро стандард 5 и 6 регистрирано над 5820 возила. Превозниците согласно постојниот закон плаќаат три вида на еколошка такса , што значи дека новата обврска која се наметнува може да се третира како еколошки данок воведен само за одредени правни субјекти.

Фајненс тхинк смета дека треба скалесто воведување на таксата во период од две години за да се разводени ценовниот ефект.Дали тоа би било најдоброто решение?

Ваква такса и во овој износ нема и не се воведува во ниедна држава гледајќи ги од аспект на животниот стандард на секоја држава пооделно . Има еколошка такса која се наплатува преку горивата но се изразени во центи, во држави каде животниот стандард и вработеноста се на многу повисоко ниво од нашето. Ваквата еколошка такса е целосно дискриминирачка и ги „казнува“ сите оние кои без никаква помош од државата успеале да го подобрат својот возен парк со возила кои имаат инструменти за прочистување на издувните гасови . Значи некој може да увезе нафтени деривати со сомнителен квалитет, ама на крај сите ние , а пред се превозниците како големи потрошувачи на погонско гориво , ќе ја платат цената за надомест на штета од загадување.
Како алтернатива која ја доставивме во текот на денешниот ден до вицепремиерот Битиќи и сите парламентарни партии е следниот предлог:

Во член 184 од Законот за животна средина се додава нов став 9-а кој гласи:
„Корисниците на увезените , односно произведените нафтени деривати од став 1 на овој член , кои имаат возила со повисок еуро стандард ( Е-5 и Е-6) и вршат комерцијален превоз на патници и стока имаат право да бараат да им се врати платениот износ на име еколошка такса содржана во малоптодажната цена на нафтените деривати.“

Објаснување:

Начелото „загадувачот плаќа„ се остварува со дирекното плаќање на еколошка такса од страна на увозниците , односно производителите на нафтени деривати , но со додавање на новиот став се овозможува на сите оние кои инвестирале во орудија за работа со вградени системи за прочиствување на издувните гасови и не се „загадувачи„ да ги повратат платените средства на име еколошка такса, од една страна, а од друга страна ќе се намали влијанието на инфлацијата на цените на сите стоки кои се превезуваат и на миграцијата на населението кои го користат јавниот превоз во градовите и меѓу општините. На овој начин исто така ќе се стимулира процесот на обновување на возниот пакт на превозните трговски друштва како нај големи потрошувачи на нафтени деривати.

Во член 165 се додава нов став 9-а кој гласи :

„Враќање на платениот надоместок на име еколошка такса од членот 184 став 9-а се врши со доставување на барање до надлежниот орган пропратено со документи кои го докажуваат професионалниот аспект на користење на возилата и документ за одредување на еколошки стандард на возилата.“

Во член 165 ставот 12 се дополнува со зборовите : по зборовите „ставот (7) “се додаваат зборовите „ и ставот ( 9-а)“ кој гласи :

Објаснување :

Со ова дополнување на член 165 се овозможува и на корисниците на нафтени деривати за комерцијални цели да им се врати еколошката такса, а во став 12 од членот се дава можност во Правилник да се одредат документите кои ќе се доставуваат заедно со барањето и тоа:

– Лиценца за вршење на дејност и извод од лиценца за секое влечно возило кое е во сопственост на превозното трговско друштво и

– Сертификат за сообразност заверен од производителот или од него овластено лице ( за да се утврди еколошкиот стандард на возилото) и

– ЕКМТ тест сертификатот за подготвеност за сообраќај на товарните моторни и приклучни возила.( документ кој се обновува секоја година и е доказ за континуитет во исполнување на еколошките параметри кои ги пропишал производителот).

 Што побаравте на средбата во Владата,а што ви ветија од таму?

Според нашата информација која ја имаше на ВЕБ страната и на Фејсбук се зборуваше за анкета во која едно од прашањето е дали превозниците се спремни во денешни услови да протестираат.За жал, минатата година над 200 возила излегоа на мирен протест поради воведување на 3 денари дополнителна акциза и ефектот не беше позитивен затоа што владата , односно политичките партии не ги третираат превозниците како гласачи заради нивниот вид на вршење на дејност ( повеќето се надвор од државата) и немаат големо влијание на било кои избори. Но,токму заради постојаното движење и работата која е услуга и не смее да запре, често се мета за наплата на поголеми наметнети давачки и во државата и надвор од нејзините граници.

Претставници на Асоцијација Макам-транс на 25.06.2021 година остварија средба со вицепремиерот за економски прашања Битиќи со цел да се разговара за неправдата која се нанесува пред се на превозниците ( големи потрошувачи на нафта и нафтени деривати ) и генерално на сите останати лица кои се корисници на горива. Беше нагласено дека без разлика каkо се нарекува новата давачка која владата планира да ја воведе всушност преставува давачка кој ќе ја замени воведената акциза од 3 денари за време на пандемијата , а која по сила на закон поради растот на берзанската цена на нафтата не може да продолжи со нејзина пресметка.

Во член 9 од Законот за животна средина е наведено начелото „ загадувачот плаќа“ кој гласи :
“Загадувачот е должен да ги надомести трошоците за остранување на опасноста од загадување на животната средина, да ги поднесе трошоците за санација и да плати правичен надомест за штетата причинета врз животната средина, како и да ја доведе животната средина , во најголема можна мера, во состојба како пред оштетувањето.“

Согласно Законот за животна средина превозниците плаќаат неколку вида на еколошка такса и тоа:
– Висината на надоместоците за увоз и извоз на употребувани моторни возила за превоз на стока
– Висина на надоместоци за моторни возила и пловни објекти при регистрација на истите и тоа преку делот кој го покрива задолжителното осигурување на возилата
– Во член 184 од законот се утврдува висината на надоместоците за нафтени деривати кои во моментот се движат во зависно од видот на дериватот

Нашиот предлог кој го доставивме и за кој дискутиравме на работниот состанок се со цел да не постои дискриминација и да се казнуваат сите подеднакво како загадувачи на животната средина се состоеше од замена на видот на наплата на еколошка такса и ги содржеше следните точки :
Предлог на мерки за промена на формата на наплата на еколошка такса :

– Воведување наплата на патарина за користење на патиштата на државата согласно еуростандардот на возилата , која мерка подеднакво би се однесувала и на домашни и на странски превозници со нагласен еколошки карактер на истата;

– Утврдување на зелени зони во градовите со минимални издувни гасови по пример на државите членки на ЕУ , пристап до местото на утовар или растовор со плаќање на посебни еколошки такси и добивање на специјална дозвола за пристап од страна на корисникот на превозот.

– Еколошка такса при регистрација на постари возила, со давање на стимулација и субвенции за обнова на возен парк, односно спроведување мерки и процедури за превозните трговски друштва на територија на Република Македонија за воспоставување услови за конкурентност во државата и на Европскиот транспортен пазар во однос на обновување и подобрување на еуро структура на возен парк и негово редовно обновување (заштита на животната средина), а тоа значи : Да се спроведат проекти за обновување на возен парк по примерот на Германија и др. членки на унијата. Хрватска е последна која спроведуваше ваква мерка со грантови за да се помогне на превозните трговски друштва да можат полесно да го обноват возниот парк.

– Да се воведе обврска за враќање на дел од акцизите за комерцијални превози согласно член 7 од директивата 2003/96/Е3 која се применува во сите држави членки, на ЕУ, Србија и др.

– Воспоставување на облигација во Закон за акциза за поврат на дел од акциза утврдена во цената на горивата за комерцијални превозие пред се е со цел да може да се воспостави реципроцитет со државите членки на ЕУ и Србија и Босна , што би овозможило поголема конкурентност на македонските превозници поради изедначување на правата и обврските кои ги имаат сите превозници на европскиот транспортен пазар, од една страна , а од друга страна ќе се влијае на сузбивање на раст на инфлацијата.

Како дополнително барање апелиравме, до целосно обновување и реконструкции на патната инфраструктура во општините, да се укине дополнителна наплата на комунална такса при регистрација на возилата во општини каде се применува оваа одредба согласно Закон за комунални такси, но не подеднакво на цела територија на државата. На овој начин се наплатуваат средства кои не се користат наменски за подобрување на патната инфраструктура туку за други цели и потреби на конкретните општини.

Од водениот разговор како и од сите изјави за јавноста кој се присутни на медиумите во последните денови јасно е дека владата нема да се откаже од намерата да ја воведе т.н еколошка такса која во овој период на заживување на стопанството ќе се одрази негативно на работењето пред се дирекно на превозниците и на сите други стопански гранки кои се поврзани дирекно или индирекно со користење на нафтени деривати.

Генерално нашето барање беше доколку се бара толку голема жртва од превозниците како и со дополнително воведената акциза под мотото на антикризни мерки , средствата кои ќе се собираат во посебниот фонд да се искористат за помош и подршка на превозните трговски друштва за да извршат замена на возниот парк , односно да се обезбедат услови за одржлив раст и развој на овој оддел од гранката транспорт – превоз во патниот сообраќај, но за жал и тој предлог е одбиен затоа што планот на владата е средствата да ги користи за т.н алтернативни горива и зелени вработувања.

Во идниот период пратениците се на потег и од позиција и од опозиција кои доколку ја анализираат вкупната состојба на нашето стопанство кое е максимално рането , загрозениот животен стандар на населението , ќе имаат доблест да гласаат против овој предлог за измена на Закон за животна средина.

К.В.С.

The post Макам Транс: Стопанството е максимално рането, пратениците да имаат доблест и да гласаат против еколошката такса appeared first on Стандард.



This post first appeared on Self Develop Shop, please read the originial post: here

Share the post

Макам Транс: Стопанството е максимално рането, пратениците да имаат доблест и да гласаат против еколошката такса

×

Subscribe to Self Develop Shop

Get updates delivered right to your inbox!

Thank you for your subscription

×