Get Even More Visitors To Your Blog, Upgrade To A Business Listing >>

3 креативни начини што можете да ги направете со преостанато вино

Направете бел или црвен вински оцет

Што ќе ви треба:

Стаклена тегла
Оцет со добар квалитет
Преостанато вино
Чиста газа или хартиена крпа

Истурете ги оцетот и преостанатото вино во чиста тегла пред да ги покриете со газата или хартиената крпа и да се зацврстат со гумена / еластична лента/ластичка. Чувајте го на собна температура 10 дена, мешајќи еднаш на ден.

По 10 дена, вкусувајте го секој ден додека оцетот не ви е на посакуваниот профил за вкус. Можеби ќе има потреба да го надополнете со друго вино во меѓувреме, доколку сметате дека му недостасува вкус. Ако се формира талог на дното тоа е природен дел од хемискиот процес, само извадете го нежно и внимателно со лажица.

Направете вкусен сируп од црвено или бело вино

Што ќе ви треба:

2 1/2 чаши преостанато црвено или бело вино
1 чаша шеќер
Тенџере со средна големина

Комбинирајте го шеќерот и виното во тенџере и оставете го додека не зоврие на шпоретот, намалете ја топлината и продолжете со вриење сè додека не се добие сирупна конзистентност. Тргнете го тенџерето од топлината, оставете да се излади и едноставно претурете го сирупот во шише и замрзнете го во фрижидер до две недели.

Доколку сакате да бидете дополнително креативни, додадете дополнителен вкус од ванила, каранфилче, цимет или ѓумбир. Овие сирупи се совршени за десерти со овошје или како маринада за печени моркови, магдонос и месо!

Направете сол од црвено вино

Што ќе ви треба:

1 1/2 чаши морска сол
1 шише јако вино (пример Каберне Совињон)
Мала тава
Сад за печење

Ставете го тенџерето со вино на шпорет и доведете го до точка на вриење, потоа намалете ја температурата и продолжете додека не се згусне. Потоа изладете го на собна температура за следната фаза.

Додадете 1 чаша морска сол во тавата и почнете нежно да мешате додека солта не ја апсорбира целата течност. Додадете ја дополнителната половина чаша сол по ваша желба додека не се апсорбира целата течност.

Пренесете ја солта од тавата во сад за печење на која има хартија и оставете ја да се исуши во текот на неколку дена (околу 3-4). Откако ќе се исуши, едноставно пренесете го во тегла.

The post 3 креативни начини што можете да ги направете со преостанато вино appeared first on Сè за вино.



This post first appeared on Se Za Vino, please read the originial post: here

Share the post

3 креативни начини што можете да ги направете со преостанато вино

×

Subscribe to Se Za Vino

Get updates delivered right to your inbox!

Thank you for your subscription

×