Get Even More Visitors To Your Blog, Upgrade To A Business Listing >>

Миризливо искуство

Миризливото искуство или олфакција е втор чекор во оценувањето на виното. Ова е можеби најзабавната фаза на дегустација затоа што, прво, богато е со референци за нашето лично миризливо искуство, второ, ни овозможува пријатна споредба со пријателите. Исто така дозволува да провериме што сме научиле за време на визуелната проценка. Не заборавајте дека органот за мирис не е особено развиен, затоа што за миризливото искуство мораме да се справиме со чиста околина, односно да биде ослободена од загадување или лоши мириси или други мириси (парфеми); исто така мораме да ги избегнеме местата за пушачи и слично.

Мирисајте го виното

Првиот пристап мора да се направи на нежен начин, т.е. без многу вртење на чашата. Ја приближуваме до носот и откако ќе вдишеме неколку секунди ја тргаме чашата од нашиот нос. Пролонгирањето на вдишувањето не го подобрува искуството, туку тоа може привремено да ја загрози можноста за разликување на различните нијанси.

Провртете ја чашата

Откако ќе ги запаметите најиспарливите мириси, провртете ја чашата малку (но не правете го ова за пенливи вина), така што виното ќе го зголеми контактот со воздухот. На овој начин се ослободуваат дополнителни мириси заробени во виното кои дефинираат сложеност.

Во текот на првата фаза на мирисното искуство, ги идентификуваме: цветните, овошните, растителните, зачинетите ароми. Потоа, ако сме способни, почнуваме да ги бараме нијансите од секоја категорија, каде, буквално, се отвора свет на мириси.

Бидејќи мирисот е најмалку користено сетило и според тоа, помалку прецизен, не е лесно да се обезбеди прецизен опис на сензациите од мирис. Всушност, и покрај пријатноста на оваа активност, ние често перцепираме мириси што не ги препознаваме, некако како да немаме зборови за опишување.

Малку повеќе знаење е несомнено корисно да се направи споредба помеѓу различните вина што ги вкусувате. Па затоа, ќе почнеме од почеток. За како полесно да го опишете миризливото искуство ќе почнеме од трите основни профили: примарните, секундарните и терцијарните мириси.

Примарни мириси

Примарните мириси се оние што се наоѓаат во вината произведени со ароматични сорти на грозје и со помал интензитет кај полуароматичните. Овие сорти го одржуваат својот мирислив профил непроменет за време на винификацијата, давајќи длабоко и пријатно искуство. Општо, оваа категорија вклучува цветни и овошни мириси.

Секундарни мириси

Секундарните мириси се оние што се појавуваат при ферментацијата. Тие можат да бидат од сите видови: цветни, овошни, растителни, зачинети.

Терцијарни мириси

Терцијарните мириси се оние што се појавуваат при ферментацијата и стареењето. Обично потсетуваат на растителни и зачинети ноти.

Разновидност и интензитет

Откако ќе се наведат миризливите профили на виното, дополнителна детална анализа е да се процеци неговата разновидност и интензитет. Не плашете се, тоа е истиот механизам што го користиме кога мирисаме еден куп цвеќиња, проширен само на сите категории што ги видовме погоре.

Разновидноста и интензитетот се два параметра кои многу добро се надополнуваат еден со друг и овозможуваат опширно да се опиши миризливото искуство. Ајде да видиме како тие комуницираат.

Разновидност
Разновидноста ја опишува миризливата комплексност, т.е. е поврзана со количината на мириси што ги перцепираме, без оглед на тоа што се повеќе или помалку интензивни.

Виното може да биде комплексно кога има буке составено од многу мириси, дури и многу различни, што создава постојана сензација на љубопитност. За да ја поттикнете мирисната фантазија, помислете на еден куп цвеќиња составени од многу варијанти.

Од друга страна, виното е едноставно кога неговото буке од мириси, без оглед на интензитетот, е слаб. Не мора да значи дека станува збор за лошо вино, само што ќе биде попрецизно за откривање. Како погоре, помислете на еден букет составен од една сорта: ако станува збор за букет рози, откривањето ќе биде јасно и евидентно.

Интензитет
Мирисниот интензитет ја опишува јачината на мирисот на виното. Виното е интензивно ако веднаш го осетиме, мирисите што се создаваат во чашата, без оглед колку се: виното може да биде интензивно, дури и ако се карактеризира со еден мирис.

Од друга страна, виното е слабо кога неговото буке е тешко да се разбере, скоро незабележливо. Во овој случај, не можеме да го сметаме за добро вино.

The post Миризливо искуство appeared first on Сè за вино.



This post first appeared on Se Za Vino, please read the originial post: here

Share the post

Миризливо искуство

×

Subscribe to Se Za Vino

Get updates delivered right to your inbox!

Thank you for your subscription

×