Get Even More Visitors To Your Blog, Upgrade To A Business Listing >>

Причини зошто вреди да ја посетите Фиренца, Италија

Причини зошто вреди да ја посетите Фиренца, Италија

Музеите, палатите и црквите во Фиренца се дел од најголемите богатства во светот. Најпопуларните и најзначајните локалитети во Фиренца се: the Cathedral, the Baptistery, the Uffizi, the Bargello, and the Accademia. Црквите на Santa Maria Novella и Santa Croce се  вистински уметнички галерии, а библиотеката на San Lorenzo е извонредна изложба на архитектурниот гениј, на Микеланџело. 

Прошетајте некои од најстарите улици во градот додека не стигнете до реката Арно, поминете го Понте Векио и доживејте ја “најновата” област во Фиренца, Олтрарно. Бидете сигурни да одвоите време за да ја видите огромната и разновидната уметничка колекција сместена во палатата Пити. Поминете еден ден во градината Боболи или искачете се на ридот до црквата San Miniato al Monte за да доживеете прекрасен поглед на Фиренца. 

San Miniato al Monte

Instagram Photo

Најважното, пробувајте колку можете повеќе италијански вина и италијанска храна. Ќе го уживајте секој момент во комбинација со секаков поглед. Винотеките се нештото што дефинитивно нема да може да го избегнете, бидејќи се скоро па насекаде. 

Instagram Photo

Instagram Photo

Посетете го ресторанот Vivanda, таму ќе најдете добри органски вина. 

Instagram Photo

 

1. Boboli Gardens – Градините Боболи или зеленото срце во Фиренца

Позади импозантната палата Пити или Палацо Пити (итал. Palazzo Pitti) градината ќе ве пречека со својата приказна…

Градините на Боболи се историски зелени површини во Фиренца, познати низ целиот свет, што ги сакаат локалните жители и туристите: ова зелено срце во Фиренца е домаќин на вековни дабови, скулптури и фонтани, може да се смета за музеј на отворено, богат со историја и уметност и нуди мирно засолниште од топлото фирентинско сонце во лето, убави бои и мирис на цвеќиња. 

Instagram Photo

Instagram Photo

Instagram Photo

Instagram Photo

Instagram Photo

Instagram Photo

Денеска, градините на Боболи кои се протегаат од ридот зад палатата Пити, до Порта Романа, достигнаа големина и изглед, станувајќи еден од најголемите и најелегантни градини во италијански стил, преку неколку фази на експанзија и реструктуирање извршени во различни периоди. Неговото создавање и развој се протега 400 години, од 15 до 19 век. 

Градините на Боболи се создадени за да ги прикажат старите и модерни статуи и стана музеј на градинарска скулптура на отворено кој ги вклучува римските антиквитети, како и дела од 16 и 17 век. 

Во склоп на градината има зграда, со прекрасен поглед, во која се наоѓа музејот на порцеланот (итал. Museo delle porcellane). 

Instagram Photo

Instagram Photo

Instagram Photo

2. Palazzo Pitti – Палата Пити

Instagram Photo

Палатата пити била проектирана од страна на Filippo Brunelleschi за Luca Pitti во 1458 година. Оваа огромна ренесансна палата подоцна ја купило семејството Медичи. Во текот на вековите, таа служела како резиденција на градските владетели, се додека фамилијата Savoy не ја донирале на државата во 1919 година. 

Instagram Photo

Во денешно време се наоѓа импресивен сребрен музеј, 7 уметнички музеи и 140 соби, отворени за посетителите, кои повторно го создаваат животот во палатата за време на Куќата на Савој.

На зајдисонце погледот кон оваа палата е најубав, кога целата нејзина огромна фасада е обоена розова. 

Кога ќе завршете со прошетката, не заборавајте да седнете во ресторанот на една чаша вино. 

Instagram Photo

3. Ponte Vecchio – Стариот мост

Ponte Vecchio или Стариот мост, кој се приклучува кон центарот на градот со областа Олтрарно на јужниот брег на реката Арно, со сигурност е една од големите икони на Фиренца и еден од најпознатите мостови во светот. Денеска е најпознат по дрвените куќички кои всушност се златарски продавнички кои се наоѓаат од двете страни на мостот. 

Се верува дека овој мост е изграден во времето на Античкиот Рим, иако постојат документи во кои се појавува уште во 996 година. До 1218 година бил единствениот мост преку реката Арно. Во 1345 година овој мост претрпел озбилна поплава, кој подоцна бил реновиран. Неговата сила и убавина леже во тоа што покрај поплавата, “преживеал” војни и различни обиди за рушење. Ова е единствениот мост преку реката Арно кој не бил рушен во Втората светска војна. На почетокот се отварале различни продавници, од месари до рибници, од облека, шешири, па се до накити. 

Овој мост навечер е фантастично осветлен и е прав рај за туристите кои сакаат да го осетат вистинскиот дух на Фиренца… Во околината на мостот се наоѓаат различни ресторани, пабови, кафичи, клубови, продавници за сувенири и тн. Ponte Vecchio е спој од стара тосканска традиција и денешната италијанска енергија… 

4. Piazzale Michelangelo – Плоштадот Микеланџело

Фиренца гледана од високо е единствено искуство. Секој кој ќе го посети ова место, независно од кое време од денот, или кој периот од годината, ќе дознае дека Piazzale Michelangelo навистина нуди фантастичен поглед врз Фиренца. Од долгиот пат што ќе го изодите за да стигнете на плоштадот можете да здивнете во ресторанот на чаша вино или кафе… 

Instagram Photo

Instagram Photo

Instagram Photo

Instagram Photo

5. La Specola Museum

La Specola е најстариот јавен музеј во Европа, кој започнал како лична збирка на семејството Медичи. Музејот бил отворена за јавноста во 1775 година. Различни генерации од оваа семејство со страст акумулирале во своите приватни колекции, покрај големите богатства, исто така и значително наследство на природно богатство, како фосили, животни, минерали и егзотични растенија. Во моментов, јавноста била примена во 34 соби, 24 од зоологија и 10 од моделирање на восок. Музејот особено може да се пофали со својата колекција на анатомски восочни фигури,  скапоцено сведоштво за уметноста која во Фиренца за првпат ја почнал Лудовико Чиголи (1559-1613), важен фирентински уметник од тој период и имал момент на максимален раскош и научно- техничка прецизност во 1700-тите. 

Instagram Photo

Instagram Photo

Instagram Photo

Instagram Photo

Instagram Photo

Instagram Photo

Instagram Photo

Instagram Photo

Instagram Photo

Instagram Photo

И се прашувате како да го завршите ова патување? Посетете го ресторанот La Terrazza и уживајте во преубавиот поглед со чаша добро италијанско вино… 

Пробајте ја и најдобрата пица во Фиренца од Gusta Pizza.

Instagram Photo

Мало и интересно место и она што може да се забележи под стаклото од масата се ставаат ливчиња на кои го пишува вашиот реден број. 

The post Причини зошто вреди да ја посетите Фиренца, Италија appeared first on Сè за вино.



This post first appeared on Se Za Vino, please read the originial post: here

Share the post

Причини зошто вреди да ја посетите Фиренца, Италија

×

Subscribe to Se Za Vino

Get updates delivered right to your inbox!

Thank you for your subscription

×